Како е да спиете со некој кој после сексот ќе оди во кревет со друга жена?
Не го одбрав тоа. Се заљубив во тој маж – “иако често нешто ми ѕвони во главата дека не е во ред и дека нема да успее“.
„Ќе мора да повлечам рачка, кога ќе почне да боли премногу“
Нина (28) има афера со женет маж кој има деца. Се запознале на работа: го забележала на прв поглед, а и тој неа. На едно патување се бакнале и од тогаш се во тајна врска. Нина знае дека тој дома има жена и деца. Понекогаш може да замижи, но не секогаш:
Кога е кај мене, забораваме на се околу себе.
”Знам дека сум жена која сите ја обвинуваат. Бидејќи јас сум жена која уништува семејство, спијам со оженет маж. Но што да кажам? Не го одбрав тоа. Се заљубив во тој маж – иако често нешто ми ѕвони во главата дека не е во ред и дека нема да успее. Се среќаваме претежно два до три пати неделно. Тој дома кажува дека е со пријатели на пијачка или дека мора да остане повеќе на работа. Кога е кај мене, забораваме на се околу себе, лежиме во кревет, се галиме, разговараме и имаме секс. Притоа, морам да внимавам да не оставам никаква трага – гребење, кармин, модринка. И не смеам да имам парфем на себе, затоа што жените тоа веднаш го забележуваат. И тој не се тушира по секс, затоа што тоа би било премногу очигледно – кој доаѓа дома од кафана или од работа истуширан?!
Не можете да ги отфрлите чувствата
Кога е кај мене, сè е убаво. Сепак, знам дека ќе оди дома и ќе заспие покрај друга. Следното утро ќе го разбудат децата и ќе појадува заедно со својата сопруга. Тоа ме боли – и затоа се обидувам да не мислам на тоа. Ако некој смета дека е лесно во афера да се исклучат чувствата, греши. Секогаш боли. Длабоко во себе, јас сум свесна дека тој никогаш нема да го напушти семејството. Го знам тоа од првиот ден, но сепак не можам да се тргнам. Поради тоа, исто така знам дека тоа нема да трае долго. Ќе мора да повлечам рачка кога ќе почне да боли премногу. Дотогаш ќе продолжам – како жена омразена од други жени!