„Волшебната“ торта ги воодушеви социјалните мрежи: Од само неколку состојки добивате ОГРОМНА торта

popara9 септември, 20202min0
c18d01bfe85df9b7463a

Иако овој рецепт за торта е познат подолго време, тој неодамна стана популарен на социјалните мрежи.

Печењето торти и десерти беше популарна активност за време на карантинот, но како што децата се враќаат на училиште, повеќето родители немаат време за долго печење и подготовка на десерти. Но, ако сепак сакате одличен, но и брз десерт, оваа „волшебна торта“ е совршена за вас, пренесува metro.co.uk.

Го доби своето име „волшебна“ затоа што добивате три различни слоја од една мешавина, во различни бои. Иако овој рецепт за торта е познат подолго време, тој неодамна стана популарен на социјалните мрежи.

Состојки:

4 јајца

150гр шеќер во прав

1 ванилин шеќер

125гр маргарин

115гр брашно

500мл млеко

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени и лесно подмачкајте ја тавата во која ќе ја печете тортата.

Одделете ги јајцата во две чинии. Додадете шеќер во жолчките и мешајте додека не се соединат. Додадете ванилин шеќер и путер и повторно измешајте сè заедно.

Потоа додадете го брашното и мешајте додека не се соединат. Нежно додајте го млекото и мешајте додека смесата не стане течна.

Изматете ги белките и полека додадете ги во смесата. Истурете сè во тавата и ставете го во рерна.

Колачот се пече 40 до 60 минути, во зависност од јачината на рерната. Кога колачот ќе се испече, превртете го на чинија и оставете го целосно да се излади пред да го исечете.