Кајли Џенер втора година по ред е најмладиот милијардер во светот! Во средата на 8 април, Форбс го сподели годишниот список на милијардерите каде Кајли Џенер е повторно на првото место!
Таа со своите 22 години е најмладата милијардерка на планетата благодарение на брендот за козметика Кајли Козметикс кој и донесе огромно богатство!
Потсетуваме, Кајли во март во 2019 година го елиминираше од првото место основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг (35), кој стана милијардер во 2008 година на свои 23 години.
Нејзиниот бизнис сега вреди 1,2 милијарди долари, а таа сè уште самостојно поседува 49% од компанијата.
Патем, Кајли е една од само 2.095 луѓе во светот со богатство од 10 цифри…