Во петокот Леди Гага го издаде својот нов албум и песната „Fun Tonight“ го привлече вниманието на нејзините фанови кои мислат дека оваа песна е поврзана со нејзиниот поранешен вереник Кристијан Карино. Во еден дел од песната Гага вели: „Ги сакаш папаравите, ја сакаш славата/ Иако знаеш дека тоа ми предизвикува болка/ Се чуствувам како да сум во затвор/ Ја протнувам раката низа решетките и викам/ Што ќе се сучи сега? Не сум ОК/ А ако викнам, ти че си заминеш/ Кога сум тажна, ти само сакаш да си играш/ Доста ми беше, зашто останувам?“.
Во едно интрвју Гага изјави дека песната е посветена на нејзината борба со депресијата. Не го спомена Карино по име, но многумина сметаат дека сакала да претстави како нејзината борба со менталната болест имало влијание на врската со талент агентот и обратно.
Гага и Карино ја потврдија разделбата во февруари 2019, две години откако започнаа да се гледаат. Некои медиуми истакнаа дека Карино не се однесувам добро кон Гага кон крајот на нивната врска. Друг извор пак вели дека Гага ја прекинала врската бидејќи Карино бул љубоморен и се обидувал да знае каде е цело време и и пишувал пречесто.
Дали песната „Fun Tonight“ навитина е посветен на Карино или зборува за сосема нешто друго одлучете сами откако ќе ја слушнете.