Удобно, убаво и во тренд.
Летото е незамисливо без шик фустани и здолништа кои истовремено гарантираат спас при високи температури.
Подолу ви ги претставуваме првите пет модели кои го преплавија Инстаграмот на инфлуенсерите и кои ќе имате можност ги видите насекаде ова лето, како и на социјалните мрежи така и на улиците.
“Слип” фустан
Тие ја обележаа модата на деведесеттите години, а потоа пред неколку години повторно станаа хит. Слип фустаните се издвојуваат со елеганција, но и сексапил и се одличен избор за разни прилики.
Цветни фустани
Романтични и ретро, фустаните со цвеќиња долж предниот дел се еден од водечките летни трендови и се сметаат за универзално ласкави фустани.
Фустани со точки
И покрај тоа што тие беа голем хит минатото лето, фустаните со точки никогаш не излегуваат од мода, така и оваа сезона, и секогаш гарантираат комплименти.