За нивната љубов ретко кој знаел, а една од песните на Чола е посветена на неа!

popara25 мај, 20202min00
чола 1

Здравко Чолиќ е среќно оженет со Александра веќе 20 години, а неговата сопруга ретко се појавува во јавноста и не дава изјави за медумите.

Љубовниот живот на балканскиот заводник пред бракот со Александра бил навистина бурен, жените буквално му се фрлале под нозе, му се појавувале во хотелските соби, а градниците кои му ги фрлале за време на концертите одамна престанал да ги брои.

За својата прва љубов, актерката Јасна Орнела Бери ретко зборувал. Сепак, таа открила детали за нивниот однос и раскажала дека се заљубиле во Сараево кога биле многу млади.

View this post on Instagram

#jasnaberi

A post shared by Jasna Ornela Bery (@jasnabery) on

Во една емисија таа рекла дека еден дел од срцето секогаш ќе му припаѓа на Чола. .

Таа била една од најубавите сараевски девојки, а последен познат светски филм во кој се појавила бил филмот “Во земјата на крвта и медот” кој го режираше Анџелина Џоли.

Песната “Noć mi te duguje” која ја напишал самиот Чолиќ и ја посветил токму на Јасна.

– Не можам да кажам дека се забавувавме, или дека бевме во врска. Тоа е посебен однос кој трае и денес. Тоа е љубов која не можете да ја помилувате или држите за рака. Здравко засекогаш ќе остане сечиј и ничиј- вели неговата поранешна љубов која и денес има силни емоции кон популарниот пејач.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag