За прв пат откако беше официјално признаена како легитимна ќерка на поранешниот белгиски крал Алберт Втори на 1 октомври, по седумгодишна битка во судот, 52-годишната принцеза Делфина од Саксобурготски-Гота ги запозна својот татко и неговата сопруга, кралицата Паола, во замокот Белведере. Средбата се одржа во неделата, а белгиското кралско семејство објави фотографија во вторникот на која се гледа како Делфина, Алберт и Паола седат, одржувајќи го пропишаното растојание. Кралската палата го опиша состанокот како време на „прошка, лекување и помирување“. Во заедничката изјава се вели во неделата „започна ново поглавје, исполнето со емоции, мир, разбирање и надеж“. Пред да се сретне со нејзиниот татко, кој по пресудата мораше да ја признае, Делфина се состана на 9 октомври со нејзиниот полубрат, сегашниот белгиски крал Филип, кој рече дека станува збор за „топла средба“. Во заедничката изјава, 60-годишниот крал и Делфина велат дека разговорот им овозможил подобро да се запознаат едни со други, и тие разговарале за нивните животи и заедничките интереси. Обожавателите на кралското семејство ја придружуваа средбата со ентузијазам, фалејќи го „трогателниот гест“ на нивниот крал.
Новата принцеза, попозната како уметничка Делфина Боел, е дете на 18-годишна вонбрачна врска помеѓу поранешниот крал и белгиската благородничка Сибиле де Селис Лонгшамп. Откако беше признаена на суд како белгиска принцеза, Делфина рече дека борбата за признавање на татковство не е во врска со пари или статус, таа рече дека нема да ја користи титулата кралско височество, туку само сака да биде еднаква со другите три деца од Алберт. Сега 86-годишниот крал Алберт абдицираше во 2013 година, делумно поради барањето за татковство на Делфина, кое тој го негираше до јануари годинава, кога по судска наредба мораше да направи ДНК-тест. Тестот беше позитивен и Алберт конечно мораше да ја признае својата ќерка.