Продолжувањето на нејзината актерска кариера ќе биде најпрофитабилниот бизнис откако купи куќа во Санта Барбара. Холивудскиот режисер Пол Фејг изјави дека газдите се обидуваат да започнат бизнис со Меган
Меган Маркл (38) планира да се врати на големите екрани, а продуцентите тврдат дека за нејзиното прво појавување би можела да заработи 50 милиони долари, пишува Mirror.
Таа купи луксузен дом во Санта Барбара со принцот Хари (35). Ја одбраа таа локација затоа што е блиску до Холивуд. Холивудскиот режисер Пол Фејг (57) изјави дека газдите се обидуваат да започнат бизнис со Меган.
На прашањето дали ќе ја земе Меган за улога во филмот, Пол одговори:
– Донесете ми ја, би сакал. Мислам дека е одлична, јас сум нејзин обожавател.
Британскиот менаџер за таленти, Џонатан Сигмунд Шалит (58) изјави дека нејзиното враќање на сцената ќе биде феноменално.
– Каква улогата и да игра, сите ќе сакаат да ја видат. Зборуваме за 50 милиони долари. Луѓето ќе бидат фасцинирани кога таа ќе се појави. Ако случајно се врати во „Suits“, тоа ќе биде најгледаната серија на светот – изјави тој за странските медиуми.
Шалит верува дека Меган ќе мора внимателно да ги избере актерите со кои ќе работи доколку сака да успее во нејзиното враќање. Тој тврди дека Меган има неверојатни способности што можат да ги импресионираат филмските продуценти.
„Одлично е што се враќа на работата“, рече тој.
Меган и Хари живееле во родниот дом на Меган, Лос Анџелес, откако ги напуштија кралските должности. Сега тие купија и се преселија во нов дом во Монтесито во близина на Санта Барбара, скап крајбрежен град северно од Лос Анџелес. Имотот во Монтесито, кој вклучува девет спални соби, 16 купатила, базен, игралиште и градина од рози, чинел 14,65 милиони долари.
Двојката изјави дека сакаат да направат нешто што има смисла и е важно и имаат намера да започнат непрофитна организација, Арчвел,