За силни и здрави нокти без кутикули: Мора да го испробате овој третман дома!

popara22 мај, 20201min00
nokti

Грижете се за себе. Со соодветна грижа за себе, секоја жена може да биде убава.

Слабите и кршливи нокти се чест проблем, но со овој едноставен третман ќе им помогнете да останат здрави и цврсти. Експертите го препорачуваат овој ефикасен рецепт за зајакнување на ноктите, што помага по само неколку третмани.

Наједноставниот начин за зајакнување на ноктите дома е – секој ден, или барем секој втор ден 2-3 недели, направете 10-минутен третман со морска сол, кој го содржи потребниот комплекс на минерали за зајакнување на ноктите.

За овој третман ќе биде потребно:

– 300 мл топла вода

– 2 лажици морска сол

– парче лимон

– неколку капки маслиново масло

♦ Растворете го солот во мала чинија. Ставете ги прстите во неа и држете ги 10 минути.

♦ Потоа истријте ги ноктите со парче лимон и оставете ги 5 минути. Солта ги зајакнува ноктите, а лимонот е одличен за избелување и забавување на растот на кутикулите.

♦ По 5 минути, измијте ги рацете со топла вода и истријте ги ноктите со маслиново масло, што совршено ги хидрира. Можете да користите крема за раце наместо маслиново масло.

♦ Ако ја направите постапката пред спиење, ставете памучни ракавици на рацете по нанесувањето на кремата: ова ќе го подобри навлегувањето на хранливи материи во ноктите, а кожата на рацете ќе стане мазна и нежна.

Правете го третманот секој втор ден 2-3 недели и резултатот нема да изостане: ќе имате цврсти, здрави нокти, кои повеќе нема да се лупат. Доколку е потребно, направете пауза од еден месец и повторете го третманот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma