
Стесот зема замав и речиси нема ниту еден човек кој не е изложен на него.
Можеме да најдеме причини во буквално сè.
Од семејство, преку работа, сè до пријателски и љубовни врски.
И затоа треба да се обидеме да го отстраниме на кој било начин.
Една австралиска студија покажа дека останувањето во природа само половина час неделно, што вклучува градски паркови, е доволно за да се намали ризикот од висок крвен притисок и депресија.
„Ако сите го посетуваа паркот во нивната урбана зона половина час неделно, ќе имавме седум проценти помалку случаи на депресија и девет проценти помалку висок крвен притисок“, велат експертите од Универзитетот во Квинсленд, пренесува avaz.ba.
Откако собрале и анализирале податоци од 1.538 жители на Бризбејн, кои одговориле на прашалник за нивните навики, движење во природа и физички активности, експертите го оцениле нивното ментално, како и физичко здравје.
Откриле дека луѓето кои редовно вежбаат, најмалку половина час неделно, имаат помал процент на умерена или силна депресија, вознемиреност и стрес, како и помал ризик од развој на хипертензија. Исто така, беше утврдено дека овие луѓе имаат подобра социјална кохезија, односно поголема волја за соработка.