Викторија и Дејвид Бекам подготвуваат голема, луксузна прослава за 21-от роденден на синот на Бруклин. Според странските медиуми, тие ќе потрошат околу 115 000 евра.
Прославата ќе биде организирана на 7 март, во имотот на Бекамови, на англискиот Котсволд.
„Многу размислување и напор се вложија за големиот ден на Бруклин и тој е многу возбуден“, рече еден семеен пријател.
Инаку, на оваа гала прослава ќе присуствуваат многу славни личности како Кара Делавињ, Елтон Џон и Гај Ричи.