И дал на ќерката да проба марихуана на 13 години: Одговорен родител сум

9 јули, 20200
Annotation 2020-07-09 143651

Cе пофали

Миленикот на сите жени од Холивуд, 57 годишниот Џони Деп во последно време највеќе внмание привлекува со борбата на суд со поранешната сопруга, 35 годишната глумица Амбер Херд која го обвинила за физичко насилство. Нивната војна сеуште трае, но глумецот сега привлече внимание со необичното одгледување на неговата 22 годишна ќерка Лили Роус, која ја доби во вркста со француската глумица Венеса Парадис. Џони призна дека и дал да проба марихуана на Лили Роус кога имала 13 години и себеси се нарече одговорен родител, пишува Mirror.

Џони за своето одгледување се оправда со зборовите “Сакам да и дадам на ќерка ми сигурно искуство со дрогата уште во раните тинејџерски години”. Тој се окарактезира како одговорен родител бидејќи не сакал неговата ќерка, која е денес глумица да има лошо искуство со дрогата додека тој не е во близина за да и помогне. Потсетуваме, глумецот со нејзината мајка , Венеса беше во врска од 1998 до 2012 година, а очигледно ги задржал и добрите односи, колку толку бидејќи Венеса ќе биде сведок на судењето кое Амбер Херд го води против него.

Џони се венчаше со глумицата од Тексас во 2015 година, а веќе следната година таа поднела барање за развод и го тужела за насилство. Ѕвездата од филмскиот серијал “Pirates of the Caribbean” има доказ дека всушност таа била насилна спрема него, па во еден момент додека се карале му го исекла прстот. Освен тоа, подигнал тужба против британскиот таблоид The Sun поради објавата која ја објавиле за него во која го нарекле “насилник врз сопругата Амбер.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *