Потресна исповед на славната глумица: Со години молчеше, но сега реши јавно да проговори за злоставувањето од страна на нејзиниот очув!

10 јули, 20200
unnamed

Славната глумица и водителка го споделува своето трауматично искуство.

Станува збор за Елен Деџенерис, којашто неодамна во едно интервју откри застрашувачки моменти од своето детство.

“Мајка ми се омажи за многу лош човек. Лута сум си на самата себе што не му се спротивставив тогаш, кога имав само 15 години. Единствената причина поради која сакам да зборувам јавно за ова е да им помогнам на останатите девојки, да не се најдат во слична ситуација.”

Елен откри дека нејзината мајка морала да ги отстрани двете гради поради рак.

Кога мајка ми отиде во град, тој ми рече дека почуствувал грутка на нејзините гради, па мора да ги допре моите за да биде сигурен. Рече дека не сака ништо да и кажува неа, за да не ја вознемири. Ме убеди дека мора да ми ги допре градите, а потоа истото го повтори уште неколку пати.” – раскажува водителката и додава дека морала да побегне од него.

Елен вели дека не сакала ништо да и кажува на својата мајка, затоа што сакала да ја заштити. Знаела дека тоа би ја уништило нејзината среќа, бидејќи таа била навистина среќна, иако нејзиниот сопруг бил ужасен човек. Но, денес вели дека не требало да ја штити неа, туку да се заштити себе. Сепак, кога собрала храброст да и каже, нејзината мајка не и поверувала.

“Остана со него уште 18 години.” – додава Елен.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi