Сајентологија, домашен ултразвук, тишина при породување…што уште има во контроверзната приказна на овој пар?

30 јуни, 20200
7026c7c698582c3ee16d5cd520ebedc0

Судејќи според пишувањата на странските медиуми, на актерката Кејти Холмс (41) и се допаднал актерот Том Круз (57) уште додека била помала. Во интервјуто што го даде во 2004 година, откако глумеше во серијалот „Дејксон Крик“, таа рече дека секоја девојка сонува за својата свадба и дека замислувала како ќе отплови во брачните води заедно со Том Круз. Така и се случи.


Двојката официјално се запознала во 2005 година за време на снимањето на филмот „Невозможна мисија 3“. Дури и еден месец подоцна, на сите им беше јасно дека тие се заедно затоа што не се криеа, туку шетаа во заљубени во Рим, каде што дојдоа да ја подигнат наградата на Том – Давид ди Донатело за животно дело.
И двајцата имаа улоги во „силни“ филмови во тоа време („Војна на световите“ и „Бетмен: почеток“), па не е ни чудо што многумина мислеа дека не биле навистина заедно, туку дека само сакале да добијат на популарност.


Во 2005 година, актерката беше бремена, а Том за време на бременоста купи домашен ултразвук и внимателно го следеше текот на нејзината бременост. Лекарите ја критикуваа неговата постапка затоа што само вработените во болницата биле обучени да ја следат бременоста преку медицински помагала. Тој исто така имаше неколку бизарни молби на кои Кејт мораше да се придржува за време на породувањето, како на пример, таа морала да биде тивка.


Според црквата на Сajeнтологијата, мора да има апсолутна тишина за време на породувањето, а жената што раѓа мора да се воздржи од зборување и викање затоа што веруваат дека тоа може да му наштети на бебето. Во пролетта 2006 година, се роди девојче кое нејзините родители го нарекоа Сури. Како што рече парот во тоа време, тоа е име што има значење и на хебрејски и на персиски; на хебрејски значи принцеза, а на персиски црвена роза.
Во интервјуата, Том секогаш ја фалеше својата сопруга и велеше дека е среќен што ја запознал.

  • Таа е извонредна личност. Ако поминете пет минути со неа, ќе видите. Среќен сум, среќен сум откако ја запознав. Она што го имаме е нешто посебно – тврдеше Круз само еден месец пред Кејти да поднесе барање за развод во 2012 година. Тоа беше негов трет развод.
    Адвокатите веднаш истакнаа дека станува збор за приватна работа и дека Холмс само го сакала најдоброто за своето дете. Според американските медиуми, поранешните сопружници брзо се договориле. Само 11 дена откако Кејти ги предаде документите, на мајката и беше доделено старателството, а на таткото му беше дозволено да ја посетува Сури. По разводот, Круз истакна дека дури и во неговите најлуди соништа, тој не очекувал дека ќе се разделат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *