Со години ја држеа далеку од јавноста: Ќерката на Моника Белучи се заканува дека ќе биде поголема убавица од нејзината мајка

11 август, 20200
naslovna

Ќерката на познатата убавица Моника Белучи порасна и веќе започна да заработува пари како лице на брендот „Dolce & Gabbana“, чија муза со години е нејзината мајка.

Убавата Дева Касел наскоро ќе наполни 16 години (12 септември 2020 година), а нејзините родители Моника Белучи и Винсент Касел досега не дозволиле нејзино прекумерно изложување во јавноста.

Како и да е, сега почесто ќе го гледаме убавото лице на оваа тинејџерка, со оглед дека таа „се заканува“ да стане една од најбараните модели денес.

Дева беше фотографирана на езерото Комо, Италија, за време на снимањето на кампањата „D&G“.

Насмеана, природна, весела, Дева плени преку фотографии, а оние што соработуваат со неа велат дека тешко може да се одолее на нејзиниот шарм.

Погледнете ги фотографиите од ќерката на најубавата жена во светот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *