ЗАБОРАВЕТЕ ГИ ПЕНЗИИТЕ: Ќе работиме додека не “отпатуваме” на тој свет!

popara3 јуни, 20201min00
man-sitting-on-chair-beside-table-834863-830x0

Рик Еделман, основач и извршен претседател на компанијата „Edelman Financial Services“, една од водечките компании за финансиско советување, смета дека наскоро ќе исчезне концептот пензионирање, онаков како што го познававме до сега.

Еделман во едно видео наведува дека наскоро ќе го нема животниот тек на кој сме навикнати и воспитувани од нашите родители, баби, дедовци: се раѓаме, одиме во училиште, работиме, идеме во пензија и умираме.

  • Животниот век многу веројатно драстично ќе се продолжи, што значи дека ќе живееме 110 или 120 години. Нема да постои идејата дека на 65 години ќе одиме во пензија, бидејќи ако живееме 120 години, а одиме во пензија на 65 години тогаш како ќе заработуваме, односно ќе си дозволиме 50 или 60 години слободно време? – прашува тој и додава:
  • Готово е со идејата за пензија. Таа е иновација на 20-тиот век, а ја немало во 19-тиот, а ќе ја нема ни во 21-виот век. Во иднина ќе работиме до 75-та, 85-та, 95-та или 105-та година од животот. Но не се секирајте за тоа. Не е страшно така како што звучи. Вие, секако, ќе сакате да работите – рекол Еделман.

Според неговите зборови, луѓето ќе сакаат да работат од две причини. Прво, ќе бидат доволно здрави за да го прават тоа. На 100 години ќе бидат здрави како што се денес на 40 или 50 годишна возраст. Тоа значи дека тие ќе сакаат да бидат корисни за општеството.

Второ, благодарение на заедничката економија, краткотрајните договори, идејата за скратено работно време и работа преку интернет, платата ќе ја заработуваме полесно.

  • Нема повеќе да работиме 40 или 50 часа неделно и нема да мора да заработуваме 100 или 200 илјади долари годишно. Вашиот приход ќе може да го надополните со дополнителни 20 000 до 40 000 долари годишно работејќи ги хонорарно работите кои ги сакате. Парите ќе бидат лесно достапни, а тоа значи наместо едвај да ги дочекате годините или стажот за пензионирање, со поинаков концепт на пензијата, вие ќе станете пензионер порано – објаснува Еделман.
  • Ние тоа моментално го нарекуваме годишен одмор, а во иднина ќе го имаме почесто. Па според тоа, ќе одиме во училиште, ќе најдеме работа, а потоа ќе земеме неколку години одмор. Подоцна повторно ќе одеме во училиште и ќе започнеме некоја сосема поинаква кариера“.
  • И така ќе биде тоа цел живот. Ќе исчезне линеарниот концепт на вработување. Наместо тоа ќе се појави циклична линија во животот која ќе во поминувате во учење, вработување и слободно време. Ќе биде забавно и пријатно, а во исто време и корисно за општеството. Зар некој би имал проблем со ова? – додал тој.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag