Според најновиот правилник за заштита од корона вирусот, кој денес би требало да стапи во сила во Англија, интимните односи меѓу лицата кои не живеат заедно во ист дома се сметаат за незаконски.
До денес важело правилото ако лицето кое влезе во домот на друго лице тоа ја прекршува марката на карантин, но од денес двете лица ќе бидат процесирани според новиот амандман на предлог законот за здраствена заштита, а од ова правило се иземаат само лицата под посебни ситуации, односно состанок на разведени родители, погреб, куќна нега или ако се занимаваат со спорт.
На почетокот на епидемијата кон крајот на март, владата ги повикала паровите да живеат заедно или да бидат раздвоени додека ситуацијата не се поправи, а на основа на неделните истражувања утврдено е дека 6 од 10 Британци немале сексуални односи со својот партнер за време на пандемијата.