„Заглавив во земја која нема ниту еден случај на Ковид-19, но сепак не ми дозволуваат да си одам дома“- Тој е заглавен на мал остров веќе 6 месеци

popara27 август, 20202min0
rob-small-2-830x0

Британецот Роб Смол од март е на бајковитиот остров Уполу во Самоа, кој е оддалечен околу 16.000 километри од Велика Британија. Неговата состојба нема да се промени во скоро време.

Островот Самоа, кој се наоѓа во Пацификот, нема регистрирано ниту еден случај на „Ковид-19“ и вонредната состојба сè уште е на сила. Роб верува дека нема да може да ги види партнерката Беки и четиригодишниот син до Божиќ.

– Јас сум инструктор по нуркање. Обично работам два месеци во Самоа и два месеци во Лондон, така што сум со семејството околу шест месеци годишно – изјавил Роб за британските медиуми, а потоа објаснил дека иако многумина мислат дека тој е заробен во рајот, не е сè како што изгледа.

– Немам каде да одам. Заглавен сум во средниот дел на Јужениот Пацифик, ништо не сум направил веќе пет месеци и крајот не е на повидок. Иако многумина мислат дека ова е рај, за мене рајот е семејство и близок пријател. Тоа е чувство  на среќа што го добивате само кога сте во нивно друштво. Кога сте со нив, тогаш локацијата е потполно неважна – искрено рече инструкторот по нуркање.

Работата го донесе на островот, па Роб разговара секој ден со партнерката со која го отвори Центарот за нуркање и водни спортови „Pure Ocean“ и еднаш неделно им се јавува на роднините и пријателите.

Туризмот во Самоа „целосно запре“ поради затворањето на границите. Компанијата на Роб е затворена од април и не е сигурен кога повторно ќе се отвори.

Инструкторот за нуркање тврди дека враќањето дома е „скоро невозможно“ поради глобалните ограничувања за патување.

– Се чини дека границите овде во Самоа ќе бидат затворени до следната година. Нема помош од владата за компанија како нашата, така што можам само да се надевам. Не можам само да ги напуштам домот, работата и кучињата и се надевам дека тие сè уште ќе бидат тука кога некогаш ќе се вратам во Самоа – рече Смол.

Без работа, Роб изминатите неколку месеци го обиколуваше островот со автомобил и мотор. Честопати седи на плажа во близина на неговиот дом, уживајќи во погледот на чистото море и размислува за своето семејство.

– Го истражувам островот со автомобил или мотор. Сакам да седам на пристаништето и да ја гледам недопрената сина вода што сјае под сончевите зраци – рече тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag