Синот на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (44) и поранешната Spice Girl, Викторија Бекам (45), е во врска со нова девојка, со која тие се многу задоволни.
Поточно, Бруклин Бекам (21) е во врска со ќерката на американскиот милијардер Нелсон Пелк (77) и времето го поминува во карантин со неа во Њујорк.
Според официјалните податоци, Нелсон „тежи“ 1 милијарда и 700.000 милиони долари!
Бруклин ја користи секоја можност на социјалните мрежи за да ја искаже љубовта кон својата нова девојка, Никола Пелц (25), којa е четири години постара од него и која се занимава со актерство.
Додека тој не ја крие среќата што ја најде американската актерка, се чини дека и неговите родители конечно ја одобруваат негвата избраничка, после многу девојки.
Никол е ќерка на американскиот милијардер Нелсон Пелт и неговото богатство се проценува на 1,3 милијарди фунти и е многу поголемо од богатството на Бекам, проценето на „само“ 350 милиони фунти минатата година.
Бруклин и Никола се во врска последниве четири месеци, а таа веќе го запозна неговото семејство и присуствуваше на големата прослава на неговиот 21 роденден во Лондон во организација на неговите родители, каде што танцувала со Викторија на песната „I will survive“ па можеме да претпоставиме дека двете станале вистински пријателки.„Учам од кралицата“, напиша тогаш Никола, во описот на фотографија на која танцуваат заедно, со која таа се пофали на социјалните медиуми.
Младата двојка моментално се наоѓа во станот на Никола во Њујорк, каде се во изолација заради корона вирусот, а Дејвид и Викторија се надеваат дека дополнителната блискост што ја имаат за време на кризата предизвикана од корона вирусот, уште повеќе ќе ја зајакне нивната врска.