Меган Маркл во неколку наврати, дури и пред да се омажи за принцот Хари, откри дека вежба и внимава на исхраната, а еден од омилените пијалоци што го одржува силниот имунитет е смути. Поранешната актерка уште во 2015та година изјави дека секое утро го започнува со комбинација на здрава храна, а рецептот го сподели и во интервју за легендарното списание The Chalkboard. Нејзиниот појадок обично се состои од шејк со ванила со малку боровинки или смути од акаи бобинки, манука мед и пчелен полен.
– 200 гр боровинки
– 2 јогурти од 150 гр (обичен или овошен)
– 1 ванилин шеќер
– 1 лажица кафеав шеќер или мед
– половина исцеден лимон
Доколку сакате, можете да додадете акаи бобинки, да го замените шеќерот со мед и да додадете пчелен полен.
Подготовка: Добро измијте ги боровинките и ставете ги сите состојки во миксер, измешајте ги и истурете во чаши.