Мега лифт кој ги спојува двата дела на градот!

21 мај, 20200
елеватор

Лифтот Lacerda е јавен лифт во Салвадор на североисточниот брег на Бразил. Тој го поврзува горниот со долниот дел на градот, т.е. Cidade Baixa со Cidade Altom.

Долг е 72 метри, а до врвот ќе ве доведе за 30 секунди. Од врвот се гледа преубав поглед на градот и околината.

Првиот лифт, или дигалка во овој град го поставиле Језуитите во почетокот на 17 век.

Потоа во 1868 е заменет со железничка структура, односно имало дигалка на парен погон, додека денешниот изглед го добил во триесеттите години на минатиот век кога почнала да се користи струја, а дигалката (лифтот) е редизајнирана во арт деко стил.

Возењето со лифтот Lacerda е вклучено во туристичките пакети на Салвадор, а минатата година во него се возеле повеќе од 33 000 луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi