Запознајте го рајскиот бисер на Португалија: Алгарве ќе го освои вашето срце!

popara15 јуни, 20203min00
dona-ana-playa-algarve-a

Португалија уште одамна ги зароби сечии срца и стана една од најомилените дестинации на многу луѓе. Позната е по своите златни плажи, чудесните камени формации, добри локации за љубителите на водените спортови, како и богатиот ноќен живот.

Фаро – Главниот град на покраината Алгарве е симпатичното гратче Фаро. На улицата се наоѓаат кафулиња и ресторани со поглед на прекрасните хотели, кадешто ќе можете да уживате во сонцето и португалските слатки. Во Фаро можете да видите остатоци од градскиот ѕид од Римскиот период, црква од 18ти век и катедралата на Блажена Дева Марија.

Албуфеира – Некогаш било мирно рибарско местенце, а денес е “брз град” со многу туристи и е одлично место доколку сакате комбинација од одмор и забава. Насекаде има бели куќи, коишто со својата боја штитат од сонце, а на шарените улички можете да најдете многубројни сувенири, продавници за облека, како и барови и ресторани.  

Што се однесува до ноќниот живот во Албуфиери, нема да зажалите ако го одберете ова гратче. Познатата Стрип улица, која се наоѓа на 3 километри од градот, е улица со многу ресторани, караоке барови, пабови и клубови.

Praia de Pescadores (Рибарска плажа) – 225 метри долгата плажа со совршено мек песок и кристално чиста вода, некогаш изгледала многу поинаку и на неа се собирале старите рибари, а денес е преполна со туристи.

Zoomarine Algarve – Доколку патувате со деца, одвојте еден ден за да го посетите Zoomarine – забавниот парк, кои нуди најразлични содржини за деца и возрасни.

Песочен град – Пред 17 години започна традицијата на изградба на најголемиот песочен град. Фестивалот на песочни скулптури се нарекува Fiesa и изложбата е отворена од Март до Ноември. Отприлика, 50.000 тони песок е распространет на 15.000 метри квадратни во облик на луѓе, животни, градови и сцени од филмови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag