Разликите меѓу нас се токму тие кои нѐ прават посебни. Затоа, нештото што го прави ова куче посебно е неговата муцка!
Фактот дека разликите и несовршеностите во физичкиот изглед се работи кои се всушност најубав дел од животот докажува и Ерис, кученце од расата Борзои кое има исклучително долга муцка од дури 30 сантиметри!
Нејзините сопственици тврдат дека таа ја има најдолгата муцка на светот. Парот од Ричмонд, Лили и Савана, ја посвоиле Ерис во 2018 година. Таа тогаш била мало кученце и никој не можел да претпостави дека има толку голема муцка. Неодамна Ерис го прослави својот втор роденден, а парот немал поим дека таа некогаш ќе станела позната.
Но, веднаш станала Инстаграм сензација!
На почетокот тие ѝ отвориле профил само за да можат да го следат нејзиното растење, но потоа сѐ ескалирало.
- „Отсекогаш сме се надевале дека ќе можеме да споделиме со луѓето барем дел од смеата и среќата кои Ерис ги носи во домот, кои во овие последни месеци се покажаа поважни од било кога. Толку ни е мило што можеме да додадеме малку светлина во домовите на други луѓе во овие мрачни и тешки времиња“ – велат сопствениците за Bored Panda.
Расата Борзои на која припаѓа Ерис е по потекло од Русија. Аристократите ги сакале овие кучиња поради нивниот необичен изглед и исклучително добри ловечки вештини, бидејќи во Русија често се организирале големи ловечки забави. Борзои буквално значи „брз“. Но овие кучиња брзо се прилагодуваат и на градскиот живот.
Еве неколку слики од преслатката Ерин со најдолгата муцка на светот: