Пред корона вирусот, бабата Нерина од предградијата на Рим, имаше работилница за туристи кои сакаа да однесат дома ново знаење и неизбришливи спомени од Италија. Поточно, таа ги учеше како да направат домашни тестенини.
За да продолжи да го прави она што најдобро го знае, таа продолжи да готви, а нови ученици за својата работилница наоѓа на Интернет. Таа ги пренесува своите семејни рецепти во предавања во живо, а нејзините фетчучини и канелони го обиколуваат светот со вкусови и мириси.
За популарноста на бабата исто придонесуваат и објавите на странските медиуми. Пред курсот, на секој присутен му се обезбедува список на намирници, а како што вели бабата, повеќето состојки ги имаме дома.