Заради овие 5 работи се вљубуваме во некого!

popara22 септември, 20202min0
ЗАЉУБЕНИ НАСЛОВНА

Научно докажано…

Луѓето понекогаш велат дека „убавината е во окото на набудувачот“, што значи дека проценката на нечиј изглед е целосно субјективна и зависи од преференциите на индивидуата. Друго разбирање е дека убавината е потполно објективна категорија и дека сите луѓе можат да се согласат дека некој е убава личност. Вистината е, како и во многу други случаи, некаде на средина.

Овој пат, ќе се концентрираме на некои човечки карактеристики што другите луѓе ги сметаат за привлечни, а врз кои индивидуата сама по себе не може да влијае. Дознајте за што станува збор подолу.

 Зеници

Нашите зеници се шират или се стеснуваат како реакција на некаков стимул од околината (темнината, на пример, ги проширува, а светлината ги стеснува), но исто така зависи од нашата емоционална состојба. Постојат индикации дека тие се шират кога сме среќни, а многу истражувања откриле преку експерименти дека луѓето повеќе ги привлекуваат луѓе со широки зеници, иако таквото чувство настанува потсвесно.

Кога станува збор за женската фигура, мажите генерално претпочитаат тесен струк и пошироки колкови. Многу научници тврдат дека ваквите желби кај мажите се производ на еволуцијата, бидејќи нискиот однос на половината до колкот кај жените е силно поврзан со здравјето и плодноста.

Симетрија на лицето

Истражувањата потврдија дека лицата кои се посиметрични се попривлечни за нас отколку оние кои се помалку симетрични. Научниците веруваат дека симетричните лица ги поврзуваме со добри гени.

Просечен изглед

Луѓето не сакаат големи отстапувања од просечниот изглед. Тие потсвесно ги перцепираат сите отстапувања од просекот како знак дека тие луѓе се помалку здрави од другите, што може или не е точно.

Глас

Според едно истражување, жените асоцираат на длабок глас кај мажите со зрелост, што е одлика за атрактивен маж.