ЗАРЕМ ОЧЕКУВАВТЕ ПОМАЛКУ ОД НЕРЕАЛНА УБАВИНА? Еве како изгледа постарата ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел

popara15 јули, 20203min00
Annotation 2020-07-15 201330

За време на нивниот 14-годишен брак, актерите добија две девојчиња, а едната од нив веќе започна манекенската кариера.

После пет години брак, италијанската актерка Моника Белучи и нејзиниот колега од Франција, Винсент Касел, ја добија ќерката Дева, која денес има 16 години, а шест години подоцна и помладата ќерка Леони.

Со оглед на тоа дека Моника сеуште важи за една од најубавите жени на планетата, многумина беа заинтересирани дали нејзините ќерки наследиле дел од нејзиниот шарм, а очигледно Дева ќе биде вистинска убавица!

Имено, оваа девојка е новото заштитно лице на модната куќа Dolce & Gabbana, односно парфемот Shine. Самата актерка со години носи парчиња од оваа модна куќа, па не не изненадува што Dolce & Gabbana решија да ја изберат ќерката на италијанската дива. Дева минатата година сними реклама за споменатиот парфем во Равел, а наводно Моника присуствувала на снимањето и внимавала на секој детал.

Оваа млада манекенка е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, така што честопати имаме можност да ги видиме нејзините фотографии, за разлика од малата Леони, која се уште живее далеку од медиумите.Судејќи според снимките што Дева ги споделува, јасно е дека таа ја наследила убавината на нејзината мајка, но многумина коментираат дека јасно е “од авион” дека има многу препознатлив шарм и изглед како нејзиниот татко, Винсент Касел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag