Таа е како вино, колку е постара, толку подобро изгледа. Џенифер Лопез за неколку дена ќе наполни 51 година, а судејќи според изгледот, тоа звучи нереално. Покрај совршениот изглед, таа може да се пофали и со совршено чувство за стил и стајлинзи кои се секогаш за чиста десетка.
Издвоивме дел од нејзините највпечатливи изданија. Фотографиите се навистина доказ дека таа со право е наречена кралица на стилот.
Ова сигурно не го знаевте за латино дивата:
- Лопез го имаше својот прв настап како придружна танчерка на Џенет Џексон.
- Децата што ги има со Марк Антониј, Ема и Максимилијан го носат презимето Мунџиз. Зошто е тоа така никој не знае. Лопез првата слика по раѓањето ја продаде на магазинот „People“ за шест милиони долари
- Без оглед на парите што ги заработува од музиката, Џенифер Лопез е исто така успешна во
продажба на парфеми. Нејзиниот прв парфем, Glow, заработи 40 милиони долари во 2002 година.
Оттогаш, таа создаде 17 нови парфеми кои заработија околу две милијарди долари. - Зелениот фустан „Версаче“ што го носеше на Греми наградите во 2000 година е еден од најпознатите во историјата на модата. Имено, овој фустан го држи рекордот по бројот на пребарувања на Google.
- Алкохол не пие затоа што знае дека остава неверојатни последици врз изгледот на кожата.