„Жената мачка“ потрошила 4 милиони долари на пластични операции на своето лице: Зад ова се крие тажна приказна

popara17 декември, 20205min0
1608119230083-jocelyn-wildenstein-1-830x0


„Жена мачка“ Џоселин Вајлденштајн (80) и нејзиниот свршеник и моден дизајнер Лојд Клајн (53) се договориле да одат во Мајами, а фановите сè уште се прашуваат зошто поранешната убавица си го уништила лицето со пластична операција. Имено, славната двојка која постојано се скарува и смирува, позираа прегрнати, а Џосилин по тој повод носеше црна маица и кожни панталони, додека Лојд имаше бела маица, црни панталони и бели еспадрили.

„Жената мачка“ стана позната во раните 2000-ти како екстремен пример на пластична хирургија што никого не остава рамнодушен. Поради силните интервенции, таа го изобличи своето лице, а зад сè стои многу тажна приказна. Започнала со операција во средината на 90-тите години на минатиот век кога била во брак со милијардерот Алек Н.Вилденштајн, кој бил опседнат со големи мачки, па решила да се претвори во една.


Со години се плашеше дека сопругот ќе ја напушти, па сакаше да ги исполни сите негови желби, но бракот сепак пропадна кога го фати во кревет со 19-годишна девојка. Џослин по разводот беше побогата за милијарда и пол долари, а се шпекулира дека станува збор за многу бурен развод, но сега таа е во среќна врска со 27 години помладиот дизајнер.


Подоцна рече дека сторила сè за себе. Таа претрпела затегнување на лицето најмалку седум пати, драстична реконструкција на очите и ги наполнила усните, образите и брадата со колаген, а обожавателите велат дека сега изгледа „како да ја каснале оси“. Таа вели дека не ја допира она што тие ја нарекуваат изрод и додава: – Кога ќе се погледнам во огледало, ми се допаѓа тоа што го гледам. Имам лице што го сакав – рече таа во едно интервју.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag