
Оваа индиска тинејџерка за прв пат го сруши рекордот за најдолга коса меѓу тинејџерите во 2018 година, а оттогаш таа го корегира два пати. Косата на Ниланши Пател неодамна повторно беше измерена, неколку дена пред нејзиниот 18-ти роденден и беше долга два метри. Во 2018 година косата и беше долга 1,71 метар. Тинејџерката рече дека ја пушта косата откако лошо се потстрижа на шест години. “Тогаш навистина лошо се потстрижав. Затоа, тогаш решив дека нема да се шишам повеќе. Одлучив кога имав 6 години и оттогаш не сум ја истрижала косата”, рече таа. Пател рече дека не одлучила дали ќе продолжи да ја расте косата за да задржи рекордна должина во категоријата возрасни.