Жените сочинуваат дури една третина од гледачите на порно филмови: Се прашувате ли зошто толкава бројката?

popara8 јуни, 20201min00
zadovolstvo

Истражувачите ги поделиле жените што следат ваква содржина во различни групи според нивните причини – и тие најчесто се засноваат на љубопитност, потреба, желба да го зачинат сексуалниот живот, но и можностите за реализирање на своите фантазии.

Кога жените јавно коментираат за порно, некои велат дека уживаат да го гледаат, но повеќето ги осудуваат како шовинистички, плитки, површни, па дури и одбивни. Но, што и да кажат, анализа на податоците за гледачите на PornHub (најпопуларната страница за порно на светот) е дека жените сочинуваат 32 проценти од вкупната публика.

Ова значи дека третина од жените гледаат ваква содржина, а дел од нив и редовно го прават тоа. Според студијата на универзитетот во Денвер, околу 45 проценти од жените кои признале дека гледаат, велат дека тоа го прават со партнерот, а 30 проценти од нив претпочитаат да гледаат сами.

Кои се тие жени што сакаат да гледаат?

Сексолозите ги поделија во четири категории. Првите се љубопитни и сакаат да научат повеќе за некои сексуални техники. Други го прават тоа од потреба, како што прават повеќето мажи, и визуелно помагало за мастурбација, пишува Психологија денес.

Една група сака да гледа „феминистичко порно“, додека една четвртина вели дека порнографијата им доаѓа како зачин и освежување на сексуалниот живот во врската.

Но, еден од запоставените, но секако многу важни двигатели кај жените кои сакаат да гледаат порно, се фантазии на BDSM, според сексологот Мајкл Калдман.

Околу 66 проценти од жените фантазираат дека имаат секс со странец, а најчеста сексуална фантазија е оној во кој тие се сексуален предмет, додека другата страна доминира во нив.

Тие го бараат она што го немаат во секојдневниот живот.

Навалата на садомазохистички еротски романи ги охрабри жените конечно да проговорат за своите фантазии и, наводно, да ги заменат мисионерски пози со дивеење во кревет. Трендот што започна со трилогијата на Е. Л. JЏејмс „50 нијанси на сиво“ се сретна со светски успех, но сепак повеќето жени не зборуваат јавно за своите фетиши и фантазии, дури и пред пријателите.

Популарноста на еротските романи во современото општество првенствено може да се објасни со фактот дека средовечните жени генерално се жедни или гладни за сексуална љубов, па еротските љубовни романи претставуваат еден вид исполнување на нивните фантазии, во отсуство на нешто поконкретно и поквалитетно во нивните секојдневни, не особено возбудливи животи.

Може да се започне и од тезата дека средовечните мажи во брак,  не успеваат како сексуални партнери и дека не секогаш се задоволителен одговор на сексуалните апетити на жените, објаснуваат аналитичарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag