
Лени Ратклиф од Австралија неодамна го прослави својот 40-ти роденден и на Инстаграм се пофали дека сега изгледа подобро од кога било
Во последните 14 години, Лени Ратклиф сe храни си сирова храна што во главно е овошје. Наведува дека не пие кафе, не пие никакви додатоци, не вежба интензивно и не обрнува внимание на внесувањето калории, а сепак, тврди дека пука од здравје и изгледа како модел.
– Некои од резултатите од ваквата диета се поубави и поквалитетни за коса, немам акни, изгубив вишок килограми. Повеќе не плаќам 250 долари за преглед кај гастроентерологот кај кој одев затоа што страдав од синдром на иритирано дебело црево. Го победив и хипотироидизмот, веќе немам егзема на носот, ниту отечени прсти и зглобови – напиша Ратклиф.
Нејзиното мени ќе изненади многумина. Таа јаде за појадок од 10 до 15 банани, а нејзиниот рекорд е 21 банана во еден оброк. Покрај банани, јаде и други овошја, малку ореви и зеленчук.
– Јас наполнив 40 години, а веќе 14 години сум веган. Тоа се најдобрите години во мојот живот. Ги добив резултатите од крвните тестови и лекарот ми рече дека сум во одлична форма и дека треба да продолжам како порано. Кога стана вфрукталист, луѓето ми рекоа дека ќе почнам да се разболувам ако продолжам да јадам само овошје, но тоа не се случи – напишала Лени на својот профил.