
Вака е правилно…
Кога ќе ги погледнете фотографиите на актерките од ерата на Златен Холивуд, не можете да не се запрашате кои техники ги користеле за да постигнат фантастично нашминкани очи, имајќи предвид дека тогаш не беше достапно ни пола од тоа за разлика од сега.
Она што го сториле не е навистина трик, туку повеќе начинот на кој ја нанеле маскарата, која, благодарение на аголот под кој се нанесува, одговара на трепките на сосема поинаков начин.
Овој „трик“ го открила сосема случајно Дакота Џонсон, зборувајќи за нејзината секојдневна рутина за убавина и така открила дека научила како да става маскара токму од нејзината баба – која е ништо помалку од хероината на славниот Хичкок – Типи Хедрен.
Станува збор за начинот на кој маскарата се нанесуваше односно на начинот на кој тие го правеа(не само бабата на Дакота и дивите од Златниот Холивуд), туку и нашите баби, но со текот на времето, бидејќи ова може да биде малку посложено, овој начин едноставно се заборава.
Наместо да гледате директно во огледало или нагоре и да ставите маскара од внатрешната страна на трепките, погледнете надолу и нанесете маскара од коренот до горниот дел од трепките. Направете си полесно со ставање на огледалото на нивото под брадата, односно пред вас.

Што добивате: трепки што се намачкани по целата должина, без дамки под веѓите и на капакот.