Таа е силна, бестрашна и слободоумна. Нејзината искрена и смела исповед инспирира и докажува дека сè е можно во животот.
Во својата автобиографија „Мојата приказна“, Мишел Обама ги запозна читателите со нејзиниот свет, со многу внимателен и воодушевувачки наратив додека ги опишува искуствата кои ја обликувале како жена. Од детството на јужната страна во Чикаго до нејзината кариера како извршен директор која жонглира мајчинството и работа, до живот на најпознатата адреса во светот.
Немилосрдно искрена, жива и духовита, таа зборува за своите победи и разочарувања, и јавни и лични, додека ја раскажува својата приказна за начинот на кој живеела со свои зборови и под свои услови.
Како прва дама на Соединетите држави, првата афроамериканка која се најде во таа улога, таа помогна Белата куќа да биде поотворена и гостопримлива од порано, а во исто време се истакнуваше како влијателен застапник за правата на жените и девојчињата во Америка и во целиот свет.
Таа настојувала нејзината фамилија да усвои поздрави и поактивни животни навики и стоела крај нејзиниот сопруг додека тој ја водеше Америка во тешки времиња. За тоа време, таа ни покажа и неколку танцови движења, па дури и запеа во шоуто „Карпул Караоке“ и израсна две ќерки кои стојат цврсто на земја под немилосрдните рефлектори на медиумите.
Топло, паметно и искрено, „Мојата приказна“ е многу лична приказна на жена која постојано се спротивставува на очекувањата со нејзината душа и ум и која нè инспирира да го сториме истото.