Лукот е едно од најмоќните растенија во светот и веќе илјадници години се користи заради неговите моќни лековити својства.
Лукот е редовен гостин во нашите менија, но и растение на кое со задоволство му се обраќаме кога имаме настинка или грип. Кај луѓето е познат како природен антибиотик, а дека е навистина лековит, потврдуваат и експертите.
Лукот содржи скоро стотици активни хемиски соединенија, а меѓу нив има неколку антиоксиданти – соединенија кои го намалуваат трпшењето и кинењето на клетките на телото.
Сè уште не е јасно како сите состојќи на лукот функционираат во нашиот организам, но лукот навистина делува како антибиотик, има антиканцерогено и антиинфламаторно својство, потиснувач на габи и одредени вируси, ни рече нутриционистот Матеја Мрмиќ.
За да го извлечете максимумот од корисните ефекти на лукот, треба да го консумирате често и правилно.
1. Пред консумирање обавезно столчете го за да ја стимулирате ензимската реакција што произведува алицин.
2. Треба да јадеме најмалку три чешниња лук секој ден.
3. Најдобро е да се консумира во свежа состојба.
4. Ако го третирате термички, тоа нека биде кратко – не повеќе од 10 минути.
Многумина избегнуваат да јадат лук заради неговиот силен мирис. Важно е да се знае дека тоа е последица на супстанции што содржат сулфур кои му даваат лековити својства на лукот. Проблемот со непријатниот здив, можете да го решите со џвакање на лисја од магдонос, зрна кафе или анасон.