Честопати младите мајки се исплашени и изгубени затоа што нивното бебе постојано плаче. Сепак, без паника – дури и најмирното бебе плаче барем еден час во текот на денот и со тоа ги вежба белите дробови. Еве неколку препораки за тоа како да се справите со плачење, кога тоа не е последица на глад или полна пелена. Осигурете се дека облеката на бебето е удобна, дека ништо не предизвикува чешање во креветчето и проверете ја температурата во просторијата, која треба да биде помеѓу 19 и 21 степени. Замор – На бебињата понекогаш, дури и кога се уморни, им е потребна помош за да заспијат. Лулкање и гушкање е одлично за заспивање.
Болест – ако бебето е болно, плачењето ќе биде погласно од вообичаеното. Ако сте загрижени, одете кај педијатар. Ако плачењето е придружено со повраќање, дијареја, треска, осип или отежнато дишење, не заборавајте да посетите лекар затоа што сите овие состојби не се обични плачења.
Исцрпување – Бебињата не сакаат премногу стимулација. Многу гости или бурен ден можат да ги изморат. Тогаш бебето, наместо да заспие, плаче. Земете го во рацете за да се чувствува безбедно.
Грчеви – кога бебето плаче гласно и ги собира нозете, обично вечер, тоа има грчеви. Грчевите се појавуваат по втората недела од животот и можат да траат до третиот месец. Не постои вистински лек за грчеви. Чаеви или одредени видови капки помагаат по препорака на педијатар, но само кратко. Масирајте го стомакот на бебето, загрејте го и останете мирни. Дури и мало бебе чувствува вознемиреност на мајката.