Многу е важно кое чоколадо го јадете, бидејќи тоа може да ви биде од корист, но и да ве наведе да се однесувате како зависник
Колку пати ви се случило да кажете дека ќе изедете само една коцка или еден ред чоколадо, а на крај да го изедете целото? Поради што многумина не можат да се воздржат кога го јадат и што тоа има во него што ја предизвикува зависноста? Дали чоколадото е воопшто здраво и во која мера?
Млечната и белата чоколада се полни со шеќер и масти кои го поттикнуваат создавањето на допамин
Млечната и белата чоколада се полни со преработени шеќери, соли и масти, поради што се толку вкусни и токму поради тие состојки се развива зависноста и потребата за уште чоколада, пишува NBC News.
Колку храната е повеќе обработена, толку повеќе зависност ствара. Не е утврдено зошто тоа се случува, но оние кои го прават чоколадото знаат што го прави вкусно, па така белото чоколадо има многу повеќе шеќери од било што што природно содржи шеќер. Затоа не е ни чудно што чоколадото предизвикува поголема зависност од другите производи. Црното чоколадо не е толку популарно бидејќи не содржи млеко и шеќер.
Млечната чоколада ги стимулира рецепторите за вкус, кои поттикнуваат синтеза на допамин, кој е хормон на среќата, па затоа одново и одново се враќаме на тоа чувство.
Овде не помага ни самоконтролата, бидејќи во средба со чоколадо мозокот веднаш реагира со желба за допамин и ви испраќа сигнал дека тоа е добро за вас. Јадењето чоколадо ја зголемува веројатноста дека невроните кои произведуваат допамин ќе престанат тоа да го прават во здрава мера и дека секогаш ќе очекуваат поттик во вид на чоколадо. Поради тоа чоколадото се претвара во некој вид дрога, бидејќи што повеќе ја јадете, толку повеќе ви треба.
Ист е случајот и со белото чоколадо, кое технички и не е чоколадо, бидејќи не содржи какао.
Како да го користите чоколадото за подобрување на здравјето?
Единствената чоколада која е добра за здравјето е црната чоколада, која е полна со добри хранливи материи.
Какаото кое се користи за правење на чоколадо содржи голем број растителни биоактивни соединенија наречени полифеноли, а правот од какао во себе има 50 милиграми полифенол, а правот од какао во себе има 50 милиграми полифенол на 1 грам. Кога купувате чоколада, обрнете внимание колку какао има во себе – што повеќе толку подобро.
5 работи поради кои чоколадото е добро за здравјето:
1) Има антиоксиданси
Чоколадото има високи концентрации кверцетин, вин антиоксидант, кој е добар за спречување на одредени болести, бидејќи има можност да ги уништува слободните радикали.
2) Има антивоспалителни особини
Чоколадото има противвоспалително дејство, што може да биде корисно во спречувањето на развојот на кардиоваскуларните и невродегенеративните болести.
3) Добро е за срцето и плуќата
Црното чоколадо содржи големи концентрации теобромин, соединение кое се наоѓа во многу производи и делува така што ги опушта артериите и го намалува крвниот притисок, па со самото тоа го намалува ризикот од срцеви болести. Освен тоа, црното чоколадо има и теофилин, кој ја поддржува работата на срцето и белите дробови.
4) Го подобрува учењето
Флаванолите кои се наоѓаат во црната чоколада го поттикнуваат протокот на крв во мозокот и можат да го појачаат памтењето и учењето.
5) Го подобрува расположението
Голем број студии установиле дека црното чоколадо го подобрува расположението. Причина за тоа се најверојатно неговиот вкус и психоактивните супстанци кои ги содржи. Има и кофеин, па е добра и за одржување на будноста.
Црната чоколада сепак не е чудотворна храна
Иако е добра за здравјето во одредена мера, црната чоколада не може да се споредува со овошјето и зеленчукот, а освен тоа, е полна и со масти, калории, кофеин, а содржи и шеќер.
Нутриционистите препорачуваат да не се внесуваат повеќе од 50 грама дневно.