Зошто луѓето ја мразат Меган Меркл?

popara30 мај, 20202min00
profimedia-0489294407

Каде и да се појави Меган Меркл пленни со својот стил и однесување. Секој нејзин потег е под лупата на јавноста уште пред две години кога се омажи за 3 години помладиот принг Хари и стана член на кралското семејство. Уште повеќе ја разбранува јавноста кога на почетокот на годинава, заедно со својот сопруг и синот Арчи ја напуштија кралската палата и отидоа да живеат во Америка. Поради ова наиде на удар на бројни критики. Но кој се вистинските причини поради кои луѓето толку ја мразат Меган?

Според Gossip Cop, луѓето едноставно веруваат дека има нешто кај неа поради што не и веруваат. Како еден аргумент се наведува нејзиниот двегодишен брак со америкнаскиот продуцент Тревор Енгелстон од кој се разведе во 2013 та година. Парот се запознал во 2004 та година и после 7 години врска решиле да се венчаат на Јамајка во 2011та година.

Многу критичари се сомневаат во нејзината одлука за развод кој се случил изненадно, поради што сметаат дека нејзиниот брак со Хари е поради лични амбиции. Во неофицијалната биографија на акерката со потекло од Калифорнија „Meghаn: a Hollywood Princess“ авторот Ендру Мортон напишал дека нејзината одлука за развод дошла како гром од ведро небо, истотака тврди дека вереничкиот и венчалниот прстен Меган му гi вратила на Тревор преку пошта, поради што многумина дошле до заклучок дека Меган едностано ги „брише“ луѓето кои веќе не и требаат.

Но, за да ситуацијата биде уште полоша – истото го трвди и нејзиното семејство, со кое е во многу лоши односи. Татко и Томас ја нарекол безчуствителна и ссебична, а нејзиниот полубрат тврди дека поради неа е бездомник, а нетрпеливоста кон својата 20 години помлада полусестра не ја крие ни 55 годишната Саманта која изјавила дека Меган на својот пат кон славата искористувала луѓе само за да стигне до замислената цел.

Исто така и се замерува дека семејството го ставила на последно место штом станала член на кралското семејство. „Нема изговор за ваква промена во однесувањето. Никој ништо и нема згрешено. Се однесуваше себично, особено кога ја започна врската со Хари. Таква е со сите, ги користи луѓето како „скалила до врвот“ и ги гледа како средства за остварување на личните цели. Мислам дека е долг списокот на луѓе кои можат да го потврдаат ова“ – изјавила Саманта.

И се замерува и покрај трудот кој го вложиле членовите на кралското семејство во неа, таа на многу начини ги посрамотила. Како најголема навреда се наведуваат „модните грешки“ бидејчи познато е дека Меган често ги прекршувала протоколите со своите модни комбинации. И додека некои и „аплаудираат“ на тоа сметајќи дека со тоа ја покажала својата оригиналност многумина сметаат дека на тој начин покажува непочитување на традицијата и обичаите, но и кон бонтонот на кралското семејство во кое дошла.

Сепак многу од тие работи обожавателите можеле да и ги простат но чашата ја прелила која на почетокот на годината таа објави дека заедно со Хари го напуштаа кралскиот двор и се одрекуваат од сите должности и со својот син се селат во Канада односно Америка. Многу луѓе поради тоа ја нарекле манипулаторка, која од старт имала цел да го одвоои сопругот од неговото семејство и да се врати во Америка каде како член на кралското семејство и сопруга на принцот ќе има „дополнителен ветер во грбот“ за остварување на своите актерски амбиции.

Бројни се шпекулациите дека Меган, зад камерите на папараците и јавноста, е полна со себе и дека лошо ја третирала бабата на сопругот, Кралицата Елизабета II, но и Кејт Мидлтон поради што ако им се верува на пишаните светски медиуми не ја сака ни остатокот на кралското семејство. „И покрај тоа што членовите на кралското семејство ја примија со отворени раце, за што зборува и фактот дека еден од тоа семејство ја донесе пред олтарот наместо татко и кој не нни присуствувал на венчавката, таа се однесувала према нив многу лошо и дрско“ – заклучиле критичарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag