Зошто менструацијата понекогаш е ретка и бледа?

popara11 април, 20201min00
menstruacija

Постојат неколку причини зошто вашата менструација е ретка и со светла боја

Прв или последен ден од менструалниот период

Понекогаш првиот ден крварењето е многу слабо бидејќи мускулите на матката не се доволно отворени, па често имаме и силни грчеви додека не започне крварењето. Последниот ден пак, може да биде ретка од логична причина- нема што да се исфрли повеќе.

Контрацептивни апчиња

Жените кои пијат апчиња за контрацепција најчесто имаат послаба менструација, а додолку сега сте почнале да ги пиете можно е да приметите промени кои се случуваат, зашто слузницата на матката е потенка кај оние кои земаат контрацепривни средства

Нивото на естроген е ниско

Нискиот естроген води до промена на бојата на менструацијата од црвена во бледо розева и до нејзино изретчување, но може да доведе и до други симптоми како што се мачнини, главоболка, промена на расположението и тн.

Претераното вежбање, пореметувањето во исхраната, автоимуни болести, Тарнеров синдром и хронична болест на бубрезите можат да доведат до ниско ниво на естроген

Влегувате во менопауза

Многу честа причина за ретка менструација е влегувањето во менопауза- почнува во четириесеттата година, иако може да се појави и порано. Нивото на естроген нагло расте и паѓа што доведува до голема промена во целиот менструален циклус.

Сериозни болести

Една од причините за ретка менструација може да биде и рак на јајници или јајцеводи, а симптомите се и често чувство на надуеност, абдоменална или карлична болка. Иако некои причини се безопасни и нема место за паника, би било добро да посетите гинеколог.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag