Од студенти до политичари, многу паметни луѓе наседнаа на теориите на заговор, или пак на дезинформациите за новиот коронавирус.
Тажната вистина е дека секоја здравствена криза предизвикува дезинформации околу пандемијата.
Повеќе од лажни вести
Сега гледаме свежа количина на лажни вести- овој пат поврзани со пандемијата од коронавирус. Често се споделуваат дезинформации, од тоа што ја предизвикало епидемијата, до начини како да се спречи болеста. Во најголемиот број на случаи тие информации се штетни- неодамна дојде известување од една Иранска провинција каде повеќе луѓе починале од конзумирање на индустриски алкохол поради лажните тврдења дека тој може да ги заштити од Ковид-19.
Премногу информации
Дел од проблемот лежи и во природата на самите пораки. Секојдневно сме бомбардирани со најразлични информации и затоа мночу често се потпираме на својата интуиција за да одлучиме што е точно а што неточно.
Дистрибутерите на лажни вести можат да направат нивната порака да изгледа веродостојно преку неколку едноставни трикови, што можат да не обесхрабрат во примената на нашите вештини за критичко размислување- како што е проверката на вистинитоста на изворот. Дезинформациите вклучуваат и описен јазик или лични приказни. Исто така, ќе содржат и доволно познати факти и бројки- како спомнување на имиња на признаени медицински тела- се со цел лагата да биде уште поуверлива. Неодамнешни докази покажуваат дека голем број на луѓе рефлексно споделуваат информации без претходно да размислат дали истите се точни.
“Не знам дали е вистина, но…”
Многумина споделуваат лажни информации со некаква изјава во која се оградуваат од одговорност, зборувајќи нешто како:”Не знам дали е ова вистина, но…” Тие можат да помислат дека ако постои вистина во информацијата, тоа би можело да им користи на пријателите и следбениците, а доколку не е вистина, информацијата би била безопасна, па тоа ги поттикнува да ја споделат, не размислувајќи дека и со споделувањето предизвикуваат штета.
Сопрете го ширењето
Знаењето дека дури и интелигентните и образовани луѓе имаат тенденции за прифаќање на дезинформации, може да ни помогне да ги сопреме лажните вести. Кога станува збор за нашето однесување на интернет, би требало да се обидеме да ги одвоиме емоциите од содржината и да размислиме малку повеќе за фактичката основа на информацијата пред да ја пренесеме. Дали е тоа информација пренесена од пријателка на пријателката или е заснована на научни докази?Може ли да се најде вистинскиот извор?
Овие прашања треба сите да си ги поставуваме пред да споделиме некоја информација- а не дали постот ќе собере голем број на лајкови.
И како што се продлабочува кризата, сечија одговорност е да се сопре нејзиното ширење.