ЗОШТО НИ СЕ СЛУЧУВА ОВА? Мозокот НЕ Е во целосно мирување додека сонуваме!

12 ноември, 2020
спиење

Точната причина за појавата на овие феномени не е позната, но постојат теории на одредени карактеристики на РЕМ сонот, вели д-р Барбара Барун

Таа открива зошто се грчиме додека спиеме!
Овој феномен се нарекува хипнотичко или хипнагошко грчење и тоа е несвесно грчење на мускулите. Експертите велат дека тоа е преоден период што се случува помеѓу будењето и спиењето.

Кај некои луѓе, ваквите грчеви им се јавуваат додека сонуваат со халуцинации. Понекогаш тие можат да бидат потенцирани од надворешни дразби како што се звуци и светлина. Според некои истражувања, 60 до 70 проценти од луѓето доживеале хипнагогиски грчеви, кои се најчесто предизвикани од стресот, силниот замор, вознемиреноста, премногу кофеин…

Постојат две теории зошто тие се појавуваат. Некои веруваат дека ова е сосема нормален, природен феномен што се јавува поради нервна слабост.
Други веруваат дека грчевите се поврзани со еволуцијата, односно дека мозокот тоне во сонот и мускулното опуштање понекогаш се толкува како опасност и затоа има ненадејната реакција во мускулите како би ни го спасиле животот.

“Хипнотички или хипнагошки миоклонус или грчење во никој случај не е патолошки феномен. Тоа е физиолошки, нормален феномен што се јавува за време на спиењето и означува генерализирана или локализирана мускулна контракција која најчесто се поврзува со живописни визуелни слики, како што е паѓањето во сон”, објасни Д-р Барбара Барун.

escort - Korsan taksi