Ако некогаш ви се случило еден ден вашиот партнер да ви изгледа супер секси, а следниот ден многу помалку привлечен, читајте понатаму.
Многу е веројатно дека, барем еднаш, имало денови кога вашиот партнер, од некоја непозната причина, едноставно не бил толку привлечен како и обично.Ние велиме веројатно затоа што овој феномен е чест, не само кај луѓето, туку и кај животинскиот свет, а причината, велат научниците, се хормоните. Авторот на оваа интересна студија, Франческа Ригети, рече дека влијанието на хормоните врз однесувањето е опасно потценето и дека тие се присутни и кај мажите и кај жените.
За целите на студијата, 33 жени давале примерок од урина секој ден во текот на две недели, како би се следеле нивото на естрадиол, прогестерон и тестостерон. Секој ден, и тие и нивните партнери пополнувлеа прашалник за задоволството од врската и перцепцијата на партнерот, а се земаше предвид никој од испитаниците да не биде на терапија со хормони и да бидат во врска најмалку четири месеци.
Резултатите покажале дека и двајцата партнери ја гледале врската во понегативно светло во оние денови кога се забележани високи нивоа на естрадиол кај жени, што најчесто се јавува пред овулацијата. Во тие денови, жените исто така беа помалку привлечни за своите партнери од вообичаеното.
“Нивото на хормоните кај жените се менува во текот на различни фази на менструалниот циклус, а овие промени влијаат и врз психологијата на жената, вклучително и во тоа како се чувствуваат за своите партнери со кои се во врска”, објасни Франческа. “Откривме дека заради нивото на естрадиол ги гледаме негативно нашите партнери. “
Интересно е што и покрај овие промени, фреквенцијата на сексуален однос не се сменила, што само покажа дека поради хормоните, лошата врска нема да стане добра, ниту пак одличната врска ќе стане лоша. Поправилно би било да се каже дека хормоналните промени ќе доведат до мала турбуленција што малку ќе ја затресе врската, но дефинитивно не до тој степен што треба да ве загрижи. Ако забележите толку силни турбуленции, ќе мора да започнете да ја барате причината малку повнимателно.