Зошто понекогаш сме гладни веднаш после оброкот?

popara24 јули, 20202min00
оброк

Воопшто не е чудно понекогаш, веднаш по оброкот да почувствувате глад. Еве пет причини зошто се случува тоа:

Не сте испиле доволно вода

Кога телото е дехидрирано, тоа почнува да имитира глад. Кога следен пат ќе почувствувате глад по обилен оброк, испијте чаша вода и почекајте 15 минути. Чувството на глад би требало да исчезне.

Досадно ви е

Јадењето од досада може да стане нездрава навика. Кога следен пат ќе посегнете по грицки запрашајте се дали сте навистина гладни. Шетање или читање книга може да ви го одвлече вниманието за да избегнете јадење од досада.

Не јадете доволно протеини или масти

Полна чинија со здрави протеини и масти е најдобар начин да останеме сити цел ден. Пилешкото е одличен извор на протеини, а доколку сте вегетаријанец, во исхраната можете да вклучите повеќе грчки јогурт, јајца, грав. Како додаток во исхраната можете да вклучите и јаткасти плодови и авокадо.

Јадете во неправилни интервали

Прескокнување на појадокот може подоцна да ви го зголеми апетитот. Исто така, нередовните оброци, или долгите периоди меѓу нив може да не натераат да јадеме нездрави грицки. Затоа, погрижете се нешто да јадете на секои 4-5 часа, а појадокот е особено важен, не мора да биде обилен.

Не спиете доволно

По лошо проспиена ноќ хормоните кои го контролираат гладот се веќе збунети. Исто така, доколку телото ви е константно изморено, тоа постојано ќе бара извори на енергија (најчето шеќер) за да остане будно. Обидете се да спиете по 7-8 часа секоја вечер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag