Ако сакате СЈАЈНА КОЖА, треба да ги јадете ОВИЕ НАМИРНИЦИ!

popara10 ноември, 20211min00
443608_losos_f

Чистата и негувана кожа е резултат на добрата и квалитетна исхрана

За да ја направите вашата кожа што е можно поблескава, ви препорачуваме да ги внесувате следниве намирници:

Ферментирана храна

Лакто-ферментираната храна е богата со биолошки достапни хранливи материи кои ја негуваат кожата одвнатре. Процесот на лактоферментација го помага варењето, така што хранливите материи се подостапни и за кожата и за телото. Покрај тоа, оваа храна содржи и пребиотици и пробиотици со широк спектар. Вклучете во вашата исхрана кисела зелка, кефир…

Мислиме на кељ, брокула и зелка. Овој зеленчук е богат со сулфурни соединенија кои помагаат во детоксикација на кожата.

Бобинки и калинка

Овие намирници се богати со антиоксиданси, имаат антиинфламаторно дејство и се полни со хранливи материи кои го поддржуваат производството на колаген и помагаат да се заштити кожата од оштетување предизвикано од слободните радикали.

Храна богата со омега-3 масни киселини

Добри примери на храна која содржи омега-3 масни киселини се: ленено семе, лосос, сардина и семе од чиа, кои ја навлажнуваат и измазнуваат кожата одвнатре, а имаат и антиинфламаторно дејство. И познато е дека воспалението предизвикува различни проблеми со кожата, вклучувајќи сувост и губење на тонот бидејќи го разградува колагенот.

Храна богата со бета каротен и провитамин А

Овие видови на храна, кои вклучуваат моркови и слатки компири, придонесуваат за подмладување на кожата и го стимулираат обновувањето на клетките. Авокадото е исто така богато со каротеноиди кои го подобруваат изгледот на кожата. Содржи и подмладувачки и хидратантни добри масти, благодарение на што каротеноидите се подостапни за телото за употреба бидејќи се растворливи во масти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma