Тој зборуваше за новата песната на „ДНК“ – „Сите патишта“, со кои колеги е близок и приватно, кој му е најголема поддршка, критичар, за хуманитарните акции….

Во програмата се вклучи и македонската пејачка и колешка на Андреј, Теа Трајковска која имаше пофални зборови за пејачот и откри дека подготвуаат нова заедничка песна заедно со Андреј и Панчо.

Пејачот откри дека најдобриот совет го добил од неговиот татко кој во една прилика му рекол – „да не те советувам, си знаеш“ и никогаш не го форсирал.

„Татко ми отсекогаш ме подржувал, посебно со музиката. Тој ми беше најголема поддршка кога станува збор за музика“, вели Андреј и додава дека во последните неколку години најголема поддршка му е неговата сопруга Наталија.

Тој откри и како функциниораат во бракот.

„Знае да ме искритикува, знае да седнеме да направиме муабет. Имам среќа што и таа слуша добра музика. Кога се запознавме со тоа ме освои, слушаше самба, џез, што е малку ретко“, вели пејачот.

Андреј додава дека музиката го споила со сопругата.

„Тоа е еден од факторите, мораш да имаш разбирање. Во моментов, таа ми е најголема поддршка. Ние немаме никакво недорзбирање, едноставно функциноираме беспрекорно, искрено. Пристапот ни е искрен, не се стегаме. Апсолутно сме истите, јас сум истиот, таа е истата, само сме се споиле.  Не сме се менувале еден заради друг што е многу важно“, вели Андреј.

Еве како изгледа сопруга на Андреј.

Преземено од vistina.com.mk