Време е да почнеме да размислуваме за комбинации на облека кои ќе нè згреат, но не е на место тие да бидат и совршено стилски усогласени.
Експертите откриваат кои бои ќе ја направат секоја облека полуксузна и поскапа. Има некои тонови кои сами по себе се поврзуваат со моќ и луксуз, па доколку сакате да оставите впечаток на успешна дама, изберете парчиња во овие нијанси.
Кафена
Велат дека кафената е новата црна и дека е дозволено да се комбинира со сите други бои.
Сенф боја
Оваа боја е топла, па ќе внесе малку спокојство во овие мрачни денови, а воедно ќе направи секоја облека да изгледа елегантно. Особено убава, оваа боја одговара на бринетите и црвенокосите жени.
Зелена
Зелената е боја која ја обожаваа на пистите, па не е чудно што се поврзува со елеганција и моќ. Само едно парче во оваа боја ќе направи да изгледате феноменално, особено потемните нијанси на оваа боја.
Сите нијанси на беж
Бежот е боја која оди со се и оди добро со бринетите и русокосите, но и црвенокосите девојки, и црнките. Нема ништо лошо во тоа. Особено е популарен оваа сезона, па нема да ви биде тешко да најдете соодветни парчиња во оваа боја.