Баклавата со ореви е незаменлив дел од посната трпеза. Мора да го пробате овој специјалитет
СОСТОЈКИ:
- 500 гр кори
- 500 гр шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- малку масло
- 1л вода
- 250 гр ореви
- 1 лимон
ПОДГОТОВКА:
Секоја кора намачкајте ја со малку масло, па преклопете ја на половина. Уште еднаш преклопете да биде правоаголна. Наредете мелени ореви до половина од кората. После тоа завиткајте ја кората во форма на триаголник. Сварете го преливот со шеќер и вода за да биде течен како мед. На крајот од готвењето додадете лимон исечкан на прстени. Баклавата се пече 10 минути на 180 степени. Топлата баклава прелијте ја со врелиот прелив и оставете ја добро да се излади.