БАНАНА ЧИЗКЕЈК: Десерт на кој нема да оддолеете!

popara10 ноември, 20211min00
482942_x6-kokos-1921754507_f

Повеќето од нас сакаат чизкејк, но дали некогаш сте пробале таков со банана? Ако не сте, еве ви шанса да направите нешто поразлично.

Состојки:

200 гр мелени бисквити
шест лажици стопен путер
две зрели банани
две лажици свеж сок од лимон
450 гр крем сирење
150 гр шеќер
200 гр кисела павлака
лажичка екстракт од ванила
три јајца

Измешајте ги бисквитите и путерот и убаво измесете на дното на подмачкан кружен калап. Се пече во рерна загреана на 180 степени осум минути. Во помал сад изгмечете ги со вилушка зрелите банани, па прелијте ги со сок од лимон и оставете ги на страна.

Во поголем сад изматете ги крем сирењето и шеќерот. Додадете павлака и екстракт од ванила и мешајте уште две до три минути додека смесата не стане кремаста.

Полека додавајте едно по едно јајце со постојано мешање, а потоа измешајте со лажица и пирето од банана. Смесата прелијте ја врз кората и печете околу еден час.

Кога ќе се испече, оставете го чизкејкот да се излади, а потоа украсете со чоколадо или шлаг и прстени од банана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma