Одредени намирници не дебелеат и ја задржуваат водата во организмот. За да ја одржите линијата, препорачливо е да ги избегнувате и да примените некои од следните совети
- Намалете го внесот на сол
Внесувањето на прекумерни количини на сол во организмот предизвикува акумулација и задржување на водата во организмот. Доколку сакате да го намалите обемот на половината, но и на другите делови од телото, намалете ја количината на сол во храната и наскоро ќе го исфрлите вишокот течност од телото, а ќе почувствувате и олеснување.
- Отфрлете ги пивото и газираните сокови
Ако сакате брзо малку да го исправите стомакот, воздржете се од пиење ладно пиво, но и газирани сокови – меурчињата поттикнуваат надуеност, но не само тие – туку и самиот алкохол. Имено, алкохолот го поттикнува размножувањето на лошите бактерии во цревата, а тоа ќе резултира со создавање на надуен стомак.
- Не јадете со отворена уста
Џвакањето храна со отворена уста поттикнува голтање воздух, што ќе предизвика надуеност. Затоа, додека јадете, воздржете се од зборување, почекајте додека не го голтнете залакот и дури потоа отворете ја устата.
- Јадете ананас
Јадењето ананас придонесува за подобро варење и го смирува дигестивниот тракт. Имено, ананасот е богат со ензим кој ги разградува протеините, го забрзува метаболизмот и ја намалува акумулацијата на гасови во цревата.
- Исправете се
Тоа е одличен, брз трик за вашиот стомак да изгледа порамно. Обидете се да ги воведете исправеноста и исправеното држење како секојдневна навика. На почетокот свесно потсетувајте се да се исправите додека одите, стоите или седите, а подоцна тоа ќе ви стане навика и автоматски ќе останете исправени.