БЕЛ ФУСТАН И ПАНДЕЛКА ВО КОСАТА: Совршено издание на Никол Кидман! (ФОТО)

popara4 декември, 20211min00
265195_nikolkidman_ls

Актерите Никол Кидман и Хавиер Бардем се појавија на црвениот тепих во четвртокот по повод премиерата на нивниот нов филм „Being The Ricardos“ во Њујорк. Во биографската драма играат американската актерка Лусил Бол и нејзиниот прв сопруг Дени Арназ.

За оваа пригода Никол Кидман се одлучи за елеганција во бела боја со некои црни детали и уште еднаш докажа дека оваа комбинација на бои одлично функционира во различни пригоди.

Таа на црвениот тепих пристигна во едноставен бел сатенски фустан кој ја истакна нејзината беспрекорна фигура. На фустанот со долги ракави се истакнуваше долниот драпиран дел и две долги црни панделки на колковите кои беа заслужни за постигнување на контрастот.

Nikol Kidman

Станува збор за креација на модната куќа Шанел од нивната есенска колекција на висока мода.

Заедно со фустанот, актерката искомбинира црни потпетици со ремчиња од дизајнерката на чевли Клои Госелин и сребрена чанта украсена со кристали. Додатокот кој беше поентата на гламурозната комбинација беа прекрасните обетки.

Дека при составувањето на оваа модна комбинација е земен предвид секој детаљ докажува и црната лента во полураспуштената коса на актерката, која одлично се вклопи со споменатите панделки на фустанот.

Nikol Kidman

Добро расположената актерка блесна додека се шеташе по црвениот тепих и ја придружуваше исто толку добро расположениот Хавиер Бардем, кој на премиерата пристигна во бордо јакна, бела кошула без вратоврска и црни панталони и чевли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma