Актерот Бен Афлек и неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер, се фотографирани пред училиштето на нивните деца во жестока расправија, или барем непријатна.
Пред училиштето во кое учат нивните деца во Санта Моника, папараците го фотографирале Бен во разговор со Гарнер, а колку му попуштиле „кочниците“ сведочи и неговото однесување.
Порталот „Пејџ Сикс“ објави дека Афлек бил виден како „мавта со рацете со експресивни реакции на лицето. Во еден момент дури и зачудено „зјапал“ во поранешната сопруга“.
Оскаровецот иако бил вознемирен, сепак не изгледал како да ѝ се налутил на мајката на неговите три деца, Вајолет (16), Серафин (12) и Семјуел (9).
Од друга страна, Гарнер била многу посмирена од нејзиниот поранешен сопруг, а во одредени моменти дури и се насмевнувала, што било знак дека таа не го „налутила“ Афлек.
Ben Affleck appears frustrated, vents to ex-wife Jennifer Garner https://t.co/2HjZ4bGW3z pic.twitter.com/stTx3FxzbE
— New York Post (@nypost) December 10, 2021